Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас го пзодрави договорот за за надминување на прашањето за името меѓу Македонија и Грција.

– Скопје и Атина денеска испишаа историја. Дваесет и петходишниот спор за името на поранешната југословенска Република Македонија стоеше меѓу Македонците и Грците. Одлична вест е дека двете страни сега најдоа решение и се согласија за името Република Северна Македонија. Тоа исто така покажува што може да се постигне ако меѓународно се однесуваме со трпение, разум и почит едни кон други. Вредеше што никогаш не се откажавме од надежта, што бевме во постојана блиска размена и што двете страни и во тешки фази секогаш одново наоѓаа компромиси, вели во пишаната изјава шефот на германската дипломатија.

Посочува дека преговорите беа долги и макотрпни, но на крајот решителноста и визијата на двајцата премиери и нивните министри за надворешни работи доведоа до успех.

– На двете Влади им честитам од срце за овој историски договор! Ги повикувам сите политички сили во Скопје и во Атина да придонесат за спроведување на овој историски договор. Бидејќи тој ги јакне добрососедските односи меѓу двете земји и придонесува за стабилноста на Западен Балкан. Освен тоа, сега е отстранета клучна пречка за приближувањето на Скопје на ЕУ и на НАТО, истакнува германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2018 01:54