Париз го надмина Лондон како најатрактивна дестинација за странски инвестиции, покажува истражувањето на консултантско-ревизорската куќа Ernst & Young. Тоа се случува првпат во 15 години, односно откако се спроведува тоа истражување.

Промената, од една страна, е знак на влијанието на референдумската одлука на Велика Британија за напуштање на Европската унија - Брекзит, а од друга таканаречениот Макрон ефект, односно реформите на францускиот претседател Емануел Макрон во корист на бизнис-секторот.

Во истражувањето учествувале 502 компании, а француската престолнина како најпосакувана дестинација ја избрале 37 отсто од испитаниците, додека за Лондон се одлучиле 34 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2018 10:34