Кога севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун патува некаде, тој со себе носи пренослив тоалет, а ни вчерашниот состанок со американскиот претседател Доналд Трамп во Сингапур не бил исклучок.

Ли Јун-кеол кој е дел од Севернокорејската гарда изјави дека Ким преносливиот тоалет го носи секаде со себе, каде и да патува по светот. Тоа е поради тоа што Ким „не сака да остава никакви траги од информации за неговото лично здравје", јавува Си-Би-Ес Њуз.

Лидерот на Северна Кореја строго внимава на својата лична безбедност поради опасноста од атентати и ретко патува надвор од земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2018 11:34