Индустриското производство во Евро-зоната во април паднало за 0,9 проценти во однос на март, значително повеќе од очекувањата на аналитичарите.
Според статистичките податоци објавени денеска, во 19-те европски земји кои го користат еврото како своја валута, се намалило производството на енергенси, трајни и потрошни производи, а пораснало само производството на капитални производи, односно машини. Во април се намалил и прометот во малопродажбата, а вработеноста во Евро-зоната се зголемила за 0,4 проценти.