Во заедничко соопштение шефовите на ЕУ и НАТО ги поздравија напорите на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, за постигнување договор за спорот за името.
- Се надеваме дека оваа уникатна прилика да се релансира европската и евоатлантската иднина на поширокиот регион на Западниот Балкан нема да биде пропуштена. Овој договор претставува пример за другите како се консолидира мирот и стабилноста во регионот, стои во соопштението на Туск и Столтенберг.