Затворањето на копнените и поморските граници не ги попречува шверцерите на луѓе да продолжат со илегален превоз на мигранти, бидејќи тие само ги менуваат своите маршрути, соопшти Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (УНОДЦ).
Како што јави ДПА, според податоците на УНОДЦ, во текот на 2016 година најмалку 2,5 милиони мигранти биле илегално префрлени од страна на шверцерите на луѓе, кои од тоа заработиле меѓу 5,5 и седум милијарди долари.
Канцеларијата оценува дека мерките на засилена гранична контрола не се ефикасни, доколку не бидат проселдени и со пошироки политики во справувањето со миграцијата.
- Посторгите контроли на границите само ги зголемуваат ризиците за мигрантите и претставуваат поголема можност за заработка на шверцерите на луѓе, се наведува во соопштението.
УНОДЦ посочува дека во периодот од 2009 до 2015 година затворањето на копнените грници долж рутата од Турција до Западна Европа, довело до пренасочување на мигрантите кон „многу поопасанта рута преку Средоземното Море“.
Канцеларијата им пораува на владите да не се фокусираат на промените на мигрантските рути, туку кон разбивање на се постабилните шверцерски центри каде се собираат мигрантите пред „поаѓањето на долгиот пат“.
УНОДЦ апелира до државите да создадат услови за легална миграција и да ја засилат борбата против шверцот на луѓе, вклучително и разбивањето на соработката меѓу шверцерите и корумпираните државни службеници на различни нивоа.
Според Канцеларијата на ОН за дрога и криминал, „најпрометните“ мигрантски рути во моментов минуваат низ Средоземното Море и од Централна кон Северна Африка.