Група пратеници во норвешкиот Парламент денеска соопштија дека го предложиле американскиот претседател Доналд Трамп за Нобеловата нагрда за мир.

Како што јави ДПА, еден од предлгачите, пратеникот Пер-Вили Амундсен изјави дека со средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Трамп иницирал „историски процес што може да придонесе за мирот во светот“.

Преходно и членови на американскиот Конгрес најавија дека наскоро ќе го предложат Трамп за Нобеловата награда за мир.

Норвешкиот нобелов комитет информира дека досега добил 328 номинации за Нобеловата награда за мир за 2018 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2018 03:35