Австралиски војници развеале нацистичко знаме за време на една од операциите во Авганистан што војската тогаш го оцени како „лоша шега“, а премиерот Малком Турнбул како потег кој е „потполно неприфатлив“.
Австралиската телевизија Еј-Би-Си објави фотографија од тој инцидент кој се случи во 2007 година, наведувајќи оти пред се работело за „лоша шега“ отколку за нацистички чин.
- Знамето за кратко се виореше на едно од возилата на австралиската војска vo 2007 година. Командантот веднаш го тргнал, појасни Министерството за одбрана, наведува Еј-Би-Си.
-Знамето е тргнато, а одговорните казнети, изјави премиерот.