Министерството за инфраструктура (МИ) на Косово денеска свечено ќе го пушти во промет третиот и претпоследен сегмент на автопатот „Арбен Џафери“, кој ја поврзува Приштина со границата со Македонија кај Генерал Јанковиќ, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Церемонијата ќе се одржи под мотото „Не за брзината, да за безбедноста“, во рамките на кампањата за кревање на свеста кај возачите за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

МИ информира дека свеченоста ќе се одржи на клучката кај селото Доганај, кај Качаник, со почеток во 11 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2018 11:18