Холандско-британската компанија Унилевер соопшти дека скоро сигурно нема да остане на лондонскиот берзански индекс ФТСЕ откако ќе го премести своето седиште во Холандија.
Унилевер беше базирана во Лондон и во Ротердам, но планира во иднина да биде лоцирана првенствено во Холандија. Со тоа, компанијата ќе се повлече и од берзанскиот индекс во Лондон, рече финансискиот директор на Унилевер Греем Питкети, кој ги водел разговорите со индекс компанијата ФТСЕ Расел.
- Ние и во иднина ќе бидеме присутни на лондонската берза, и се надеваме дека инвеститорите кои се погодени од овој чекор ќе имаат доволно флексибилност во своите акционерски портфолиа за да можат и понатаму да тргуваат со акции на Унилевер, додаде Питкети.