Поранешниот директор на Федералното истражно биро Џејмс Коми отстапувал од нормите на ФБИ, но не постојат докази дека тоа го правел поради политичка пристрасност, изјави генералниот инспектор на американското Министерство за правда Мајк Хоровиц.
- Иако заклучивмне дека неговите одлуки не се резултат на политичка пристрасност, секако дојдовме до заклучок дека со јасно и драматично отстапување од нормите на ФБИ, Коми придонел за негативниот углед на ФБИ, рече Хоровиц.
Коми се наоѓа под истрага за можна соработка со Русија за време на американските претседателски избори во 2016 година.