Грчкиот Парламент денеска усвои нов пакет економски реформи, од чие спроведување зависи исплатата на нова транша од 12 милиони евра од програмата за помош на Грција, која истекува во август.
Реформскиот пакет беше усвоен со 154 гласа „за“ и 144 „против“.
Новите реформи вклучуваат мерки за забрзување на приватизацијата во енергетскиот сектор и измени во даноците за имот. Овие мерки треба да стапат во сила по завршувањето на програмата за помош, по што на нив ќе се надоврзе дополнителното намалување на пензиите во 2019 година и понискиот праг за даночно ослободување од 2020 година.
Атина се согласи да продолжи со мерките за штедење и по завршувањето на актуелната трета програма за спас, чија цел е постигнување буџетски суфицит на ниво од 3,5 отсто од БДП до 2022 година и од најмалку два проценти во следните години.