Грчката полиција денеска објави дека, според планот за справување со илегалните имигранти, во текот на месец мај биле протерани 1.323 мигранти од различни националности.
- Како и претходно најголемиот број од протераните илегални имигранти се албански државјани. Од вкупниот број, дури 738 се државјани на Албанија, 143 на Ирак, 141 на Пакистан, 45 на Грузија, 42 на Алжир, 38 на Турција, 24 на Авганистан и 20 на Иран, наведува порталот „Албеу“ во написот насловен „Грција ја активира метлата за Албаниците“.
Според полициската статистика, во периодот јануари-мај грчките власти протерале 3.427 албански државјани.
Гледано по месеци најголем број протерани има во април - 745, во мај 738, во март 668, во февруари 648 и во јануари 628 албански државјани.