Честитка по повод празникот Рамазан Бајрам
Почитуван реис-ул-улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи,
Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам големиот верски празник Рамазан Бајрам.
Рамазан Бајрам за сите муслимански верници претставува радост, но воедно ја промовира љубовта, верноста и мирот, како поттик за создавање на подобри односи со блиските, пријателите и со сите луѓе со добра волја.
Почитувањето на верската различност и негувањето на толеранцијата преку градење на постојан дијалог е од особен интерес за доброто на сите граѓани и за иднината на нашата држава.
Нашата земја се соочува со историски премрежја и предизвици и тоа подеднакво ги загрижува сите граѓани.
Затоа е потребна мудрост и знаење. Да се обединиме во зачувањето на вредностите и принципите врз кој почива Република Македонија.
Нека овој Рамазански Бајрам уште еднаш нè потсети на трајноста на духовните вредности и дека со нивно негување, исполнетост со меѓусебно почитување, соживот и соработка, можеме да постигнеме напредок во нашето општество.
Со почит,
Христијан Мицкоски,
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ