Израелски единици за деминирање уништија експлозивна направа во близина на Газа, која закачена за балон летала над автопат, соопшти израелската полиција.

Како што се наведува, „балонот бомба“ бил пуштен од Газа, а први го забележале цивили, изјави портпаролот на полицијата Мики Розенфелд.

Во Газа денеска е празник, со кој се слави завршувањето на Рамазан.

Израел повеќе недели се бори со пожари, предизвикани од балони со запаливи уреди, а кои се лансирани од Палестинци во Газа. Пожарите уништија шуми, земјоделски површини, а угинаа и голем број животни.

Организаторите на протестите, кои се одржуваат на границата меѓу Газа и Израел, соопштија дека во текот на денов ќе пуштат повеќе змаеви и балони со запаливи материјали, со надеж дека ќе слетаат во Израел.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2018 03:54