Партијата на европските социјалисти ги повика сите прогресивни партии и сите нејзини партии членки да го поддржат историскиот договор меѓу Македонија и Грција за деценискиот спор околу името и за владите во Атина и Скопје кои го постигнаа.

- Заедно со високата претставничка на Евроската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, сите прогресивни и партии членки во Европа ги разбираме и цениме огромните и неуморните напори и големата посветеност на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев. Тие на сите ни покажаа храброст и лидерство. ПЕС ја одигра својата улога во поддршката на овие преговори, како што беше видливо на нашата средба во Софија пред три недели, изјави претседателот на ПЕС Сергеј Станишев.

Очекуваме повторно да се сретнеме со двајцата премиери на нашиот состанок пред Самитот во Брисел, закажан за 28 јуни.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2018 04:16