На вонредна прес конференција српскиот претседател Александар Вучиќ денес и соопшти на српската јавност дека изчезнатиот новинар Стефан Цветковиќ е пронајден „жив и здрав.“
- Работевме напорно и бевме изложени како земја и јас како претседател на најжестоки можни напади, рече Вучиќ.
- Сакам да ве известам дека по 30 часа тешка и напорна работа дојдовме до важни информации, дека новинарот е пронајден и дека влакно од главата не му фали, додаде тој.
Новинарот Стефан Цветковиќ е пронајден жив и здрав, тој е во полицијата каде се испитува и таму долго време ќе остане за да дознаеме што се случило, прецизира српскиот претседател.
Тој рече дека не постојат знаци на борба и дека јавноста наскоро ќе биде информирана подетално што точно се случило.
Вучиќ рече дека новинарот бил пронајден без видливи повреди рано изутринава во поширокиот центар на Бела Црква.
- Новинарот изнесе одредени тврдења кои ќе бидат проверени од страна на надлежните органи, додаде претседателот на Србија.
- Им благодарам на БИА и на полицијата кои деноноќно ги дешифрираа повиците со Приштина и се успеаја да поврзат. Претпоставувме дека ништо е му се случило, а за тоа што тој го говори - за тоа подоцна ќе видиме", рече Вучиќ, додавајќи дека неколку луѓе ја планирале оваа "игра" со исчезнувањето на новинарот Стефан Цветковиќ, дека истрагата нема да заврши во рок од 24 часа, бидејќи се откриле нови информации за време на истрагата.
На прес конференцијата говореше и министерот на полицијата Небојша Стефановиќ, кој изјави дека се појавиле доста нелогичности за време на истрагата и дека во Србија се јавува нов проблем- а тоа е се поголемата појава на лажни вести.
Во среда вечерта во полициската станица во Бела Црква пријавено е дека на улицата Белградска има паркирано патничко возило марка "поло" со отворени врати и запалени светлата, користено од новинарот Стефан Цветковиќ.
Во потрагата на исчезнатиот новинар беа вклучени околу 300 новинари, а српската и меѓународнат јавност бараа овој случај бргу да се разреши.