Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е можно да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин ова лето.

Во изјава за новинарите на Северниот тревник пред Белата куќа, Трамп повторно се изјасни за враќање на Русија во Г-7.

Американскиот претседател го обвини својот претходник Барак Обама за отстранување на Русија од групата.

- Мислам дека на Обама едноставно не му се допадаѓаше Путин, рече Трамп и дури го обвини својот претходник за анексијата на Крим, што предизвика исклучување на Русија од Г-7.

- Путин едноставно не го почитуваше Обама. Претседателот Обама го загуби Крим, сфатете го тоа, рече Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2018 04:37