Американски федерален суд денеска ги укина условите за кауција во случајот на Пол Манафорт и на поранешниот шеф на предизборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп му одреди притвор.

Американските медиуми јавуваат дека судијката Ејми Берман ја донела оваа одлука откако обвинителите кои работат за специјалниот советник Роберт Малер, задолжен за истрагата за улогата на Русија во американските претседателски избори во 2016, го обвинија Манафорт дека со соработник се обидел да влијае врз сведок во случајот.

Манафорт од покренувањето на обвинението минатиот октомври е во куќен притвор, со обврзно носење апарат за електронски надзор.

Основното судење би требало да почне во септември, додека друго судење поврзано со ова е закажано за јули во Вирџинија.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2018 04:38