Португалскиот Парламент денеска легализира лекови врз основа на канабис, откако претходно ги отфрли предлозите да им овозможи на пациентите дома да одгледуваат марихуана за медицински цели.

Португалија ја декриминализира употребата на сите дроги во 2001 година и во земјата има плантажи на кои се одгледува марихуана за извоз.

За да стапи во сила, законот треба да биде потпишан од претседателот Марселу Ребелу де Соуза.

Сите такви производи ќе треба да бидат лиценцирани од националниот регулатор за лекови, Инфармед - орган кој минатата година дозволи на плантажа во централна Португалија да се одгледува марихуана со високо ниво на ТХЦ (тетрахидроканабинол) за извоз.

Португалија, која се наоѓа на брегот на Атлантскиот Океан, има топла суптропска клима, благи зими, топли лета и многу сончеви денови, што ја прави идеално место за одгледување канабис.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2018 04:47