Германската разузнавачка служба БНД шпионира со години околу 2.000 цели во Австрија, тврди виенскиот неделник Профил.

Се работи пред се за факс-приклучоци, но и за телефони и одделни е-маил адреси кои БНД ги следел од 1999 до 2006 година. Меѓу целите биле и австриски министерства, пред се МВР, за економија, но и за надворешни работи.

Цел на шпионирање биле и меѓународни организации, како што се седиштето на ОН, МААЕ и ОБСЕ.

БНД прислушкувал и странски новинари и на листата бил и факс од агенцијата АПА, потоа универзитети, производители на оружје, банки меѓу кои и Националната банка. На листата на БНД во Австрија биле и броеви во 75 амбасади во Виена, од САД до Иран преку Либија и Северна Кореја, но и Израел и Авганистан.

БНД не коментираше за листата на неделникот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2018 18:41