Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер ја смени шефицата на Федералната канцеларија за миграции и бегалци, Јута Корд која е вмешана во скандал околу неправилности во врска со донесување одлуки за азил на мигранти.

Корд е критикувана откако интерна ревизија за 4.568 одлуки за азил покажала дека огранок во Бремен свесно и редовно кршел легални прописи и интерни правила.

Одлуката на Зехофер е во момент на кулминација околу спорот за имиграцијата што е закана да го подели конзервативниот блок на канцеларката Ангела Меркел. Спорот меѓу партијата на Меркел и Зехофер (ЦСУ) е закана што може да ја загрози иднината на владата.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2018 20:51