Австриската Влада договори флексибилно работно време што во таа држава ќе овозможи работен ден од 12 часа, но и работна недела од четири дена.

Владата истакнува дека работниот ден од осум часа останува законски нормално работно време и 40 часа неделно останува правило. Но, новиот модел предвидува просечното работно време во неделата да не смее да биде над 48 часа, а неделната горна граница останува 60 часови.

Истовремено се овозможува работен ден од 12 часа и недела од четири работни дена.

Вработени во случај на зголемен број работни часови имаат право тоа да одбијат. Со новиот модел, максимално четири пати во годината и не во четири последователни викенди, може на вработени да им се наложи работа за викенд или празници.

Вработените ќе може прекувремените часови да ги впишат како слободни денови или да бараат исплата.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2018 20:51