Со обраќањето на грчкиот премиер Алексис Ципрас заврши тридневната расправа во парламентот по иницијативата на опозициската Нова демократија за гласање недоверба на владата.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, од четвртокот напладне, 38 часа, со говори од над 193 пратеници, министри од владата и лидерите на политичките партии, грчкиот парламент дебатираше за договорот меѓу Македонија и Грција, дискусија која на моменти беше жестока, полна со меѓусебни обвинувања и критики, на релација власт опозиција.
Златна зора беше отстранета од седницата, Комунистичката партија на Грција си замина сама, но и едните и другите присуствуваат на гласањето.
Независни Грци и покрај тоа што се против договорот, ќе ја поддржат владата.