Доколку Европската унија побара изградба на камп за бегалци или за балканските повратници од ИД во Албанија под услов да започнат преговорите,тоа би било лудост, смета Сандер Леши, советник на премиерот Еди Рама за безбедносни прашања.
Тој категорично ја негира можноста Албанија да се претвори во прифатен камп за бегалци кои се стремат кон земјите на ЕУ и оценува дека тоа е само „политички оддек(одѕив) на некои странски кругови“.
- Вознемирени сме од некои медиуми кои постојано ги повторуваат политичките агенди на одредени земји на ЕУ. Но, одлуките за Албанија не ги донесува австрискиот премиер, туку нив ги носат албанските власти а од албанските власти нема никаква артикулација која е во правец на формирање на некаков бегалски камп во Албанија,-вели Леши.
Според него од почетокот на годинава во земјата влегле над 2.500 нелегални имигранти од земјите на Блискиот Исток,чија крајна дестинација се западно европските земји,но,оценува дека не станува збор дека земјата се соочува со екстремен наплив на бегалци. Сепак,заклучува „иднината не знаеме што ќе донесе,но не очекуваме голем бран бегалци“.
Што се однесува до дебатите околу изградбата на камп за балканските повратници од ИД,советникот на Рама нив ги нарече спекулации „од Албанија“.
Според него изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов е погрешно разбрана,бидејќи тој зборувал да донесат експерти во Центарот за координација против насилниот екстремизам а не терористи.
- Би било лудост ЕУ да ја затвори вратата денес а да ја отвори утре кога ќе станеме огниште за терористите. Ова целосно како вест е „од Албанија“ која ја создадоа Албанци кои и тоа како добро се информирани за вистината околу тоа,-смета Леши.
Додава дека повеќе од 100 албански граѓани заедно со семејствата заминале од Албанија да се борат на страната на ИД. Жените и децата почнале да се враќаат и тие подлежат на соодветни процедури.
Сите платеници,како што ги нарекува, во случај да се вратат во Албанија ќе се соочат со законот,додека за нивните жени и деца „владата има план за нивна рехабилитација“.
Посочува дека нема да бидат прифатени семејствата на борците на ИД од Косово и од Македонија.
-Секој граѓанин од друга држава обврзан е да се јави во држвата каде плаќа даноци или кој има обврска да ја заштитува или да се грижи за неа. Албанија има уставна обврска да се грижи за оние кои имаат нејзин пасош,- нагласи Леши, во интервју за тиранската телевизија Ора њус .