Грчката полиција употреби солзавец против демонстрантите кои се собраа денеска пред Парламентот во Атина на протест против договорот за името на Македонија.
Солзавец е фрлен против демонстраните кои се обиделе да се качат по скалите пред парламентот.
Протестот почна на плоштадот Синтагма. Демонстрантите носеа знамиња на Грција и знамиња со ѕвездата Вергина. Организаторите повикаа на нов протест утре во Преспа, каде што треба да биде потпишан договорот меѓу Македонија и Грција.
Истовремено со протестите, во грчкиот парламент течеше дебатата за барањето на опозициската Нова демократија за изгласување недоверба на владата на премиерот Алексис Ципрас поради договорот со Скопје.