Спасените 630 мигранти од бродот „Аквариус“, кои предизвикаа несогласувања во европската миграциска политика, почнаа да пристигнуваат во шпанското пристаниште Валенсија по цела седмица пловење по Средоземното море.

Италијанскиот брод „Датило“, кој превезува дел од мигрантите, влезе во пристаништето рано изутринава. Останатите бродови се очекува да пристигнат до 10 часот по Гринич. Тоа се „Аквариус“ и уште еден италијански воен брод „Орион“.

На бродовите вкупно патуваат 450 мажи, 80 жени, од кои најмалку седум се бремени и 100 деца.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2018 10:57