Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека е важно да се обезбеди Парламентот на земјата да не може да го блокира Брегзит, и со тоа застана во одбрана на својот пристап за усвојување на закон со кој ќе се заврши членството на Британија во ЕУ.
- Мораме да ја признаеме улогата на Парламентот, но и да обезбедиме на Владата да не и бидат врзани рацете во преговорите и Парламентот да не ја смени волјата на народот, рече Меј за Би-Би-Си.
Долниот дом на британскиот Парламент во вторникот одби на пратениците да им даде овластување Владата да ја вратат на преговарачка маса со Брисел, доколку не бидат задоволни со условите во договорот за британското напуштање на ЕУ.