Најмалку десет лица се убиени, а 30 повредени во експлозија пред владина канцеларија во авганистанската провинција Нангархар, соопштија властите.

Засега никој не ја презеде одговорноста за инцидентот.

Талибанците денеска објавија дека нема да го продолжат тридневното примирје со авганистанските сили воведено по повод крајот на Рамазан, и оти ќе ја продолжат борбата кога тоа ќе истече.

Тридневниот прекин на огнот стапи во сила во петокот по повод крајот на Рамазанскиот пост.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2018 03:58