Папата Франциско изрази денеска надеж дека владите ќе постигнат договор за заштита на оние кои се принудени да ја напуштат својата татковина.

Поглаварот на Римокатоличката црква во обраќањето до верниците на плоштадот Свети Петар во Рим истакна дека таквиот договор би имал за цел „безбедна миграција“.

Тој рече оти сите луѓе се повикани да „го вреднуваат придонесот на бегалците“, за подобро да се вклопат во заедниците кои ги прифаќаат.

- Обостраното почитување ќе доведе до решение на проблемот што се однесува до миграциите, речепапата Франциско.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2018 04:15