Претседателот на косовското Собрание Кадри Весели го поздрави договорот кој денеска го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со кој се стави крај на долгогодишниот спор за името меѓу двете земји.
Као што јавува дописникот на МИА од Приштина, спикерот на косовскиот Парламент порача дека тоа што го направија денеска Скопје и Атина придонесува за мирот и стабилност во целиот регион.
- Честитки за потпишувањето на историскиот договор за името на Македонија, еден храбар и правичен чин, кој придонесува не само за подобрување на односите меѓу двете земји потписнички, туку и за мирот и стабилноста на целиот регион. Посебно ме радува за нашите сонародници кои живеат во соседната држава. Поради фактот дека патот кон евроатлантските интеграции сега веќе е деблокиран, напиша Весели на Фејсбук.
Претходно, по постигнувањето на договорот меѓу премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас, честитки до Скопје и Атина упатија и другите државни лидери, како и водачи на некои од опозициските партии од Косово.