Во следните неколку денови се очекува да биде објавен крајот на заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја, како дел од подобрувањето на односите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Трамп ја даде неочекуваната изјава за крајот на вежбите, кои одамна предизвикуваат незадоволство на Пјонгјанг, на средбата со Ким во Сингапур минатата седмица.

Претседателот на САД денеска објави твит за одлуката за воените вежби.

- Запирањето на „воените игри“ за време на преговорите беше на мое барање затоа што тие се многу скапи и даваат лош пример за добронамерните преговори. Доста се провокативни исто така, рече Трамп и додаде дека можат да бидат обновени веднаш ако неуспеат преговорите, надевајќи се оти тоа нема да се случи.

Воените власти на Сеул и Вашингтон водат блиски преговори за ова прашање од средбата на врвот на 12 јуни, наведува јужнокорејската агенција Јонхап.

Според извор, на кој се повикува агенцијата, властите веројатно ќе вклучат клаузула која одобрува да се обноват големите заеднички воени вежби, доколку Северна Кореја не ги исполни ветувањата за денуклеаризација.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2018 04:33