Италијанската полиција спроведе масовна операција во реонот на градот Бари, при што се упсени 104 лица под обвинение за поврзаност со мафијата, јави италијанската телевизија РАИ.

Според полициски извори, приведените се припадници на мафијашките групи Мерканте-Диомеде и Капријати.

Операцијата била спроведена по налог на локалната канцеларија за борба против организираниот криминал, со цел „да се разоткријат криминалните активности на мафијата и нејзините обиди за инфилтрирање во општествено-економските структури на Бари“.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2018 11:25