Европската комисија ќе остане неутрална и нема да и се придружи на Словенија во најавената тужба против Хрватска пред Судот на ЕУ поради неспроведување арбитражна пресуда за границата, потврди портпарол на ЕК.

– Комисијата ќе пртодолжи да дејствува како чесен посредник во изнаоѓање пријателско решение. Остануваме на ставот дека решението треба да се пронајде во разговори меѓу двете членки. Комисијата нема да објавува никаков извештај по повод словенечкото писмо втемелено на Членот 259, изјави Маргаритис Шинас на прес конференција.

Тој не коментираше дали правните служби на Комисијата интерно сугерирале до европските пратеници дека словенечкиот аргумент има основа во делови кои се однесуваат за можна повреда на правата на Унијата од подрачје на рибарство и Шенгенскиот законик.

Денеска измина рокот ЕК да се изјасни за барањето на Словенија против Хрватска да биде покрената постапка поради неспроведување арбитражна одлука за разграничување на двете држави и хрватскиот одговор на тоа барање.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2018 16:32