Дејвид Нилман, основачот на авиокомпаниите ВестЏет и ЏетБлу, најави дека планира да отвори нова нискобуџетна авионска компанија.

Нилман рече дека во компанијата, за која се очекува да биде наречена Мокси, ќе вложи 100 милиони долари и дека ќе почне со 60 летала од типот Бомбардиер ЦС300. Меѓу инвеститорите е и поранешниот директор на Ер Канада Роберт Милтон.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2018 02:26