Шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати,изјави дека деновиве ќе се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕијас,околу финализирањето на договорот за морската граница.

- Оваа недела ќе имаме уште една средба со мојот колега Коѕијас, како продолжение на разговорите со цел да постигнеме договор во врска со морската граница и верувам дека паралелно со нашата средба ќе има уште една средба од преговарачкиот тим. Ова е процес од кој нема враќање,но и на двете страни им е потребно време за да дојдат до прифатлив, фер и, како што реков, спроведлив договор, изјави Бушати при неговиот престој во градот Берат.

На новинарско прашање за тоа дека претседателот Илир Мета бара подетални инфомрации околу ова прашање, Бушати рече дека тоа е сосема нормално.

- Сосема е нормално претседателот да бара поопсежни информации за прашања за кои треба да се бараат поцелосни информации. Постои институционална и човечка комуникација со претседателот на Републиката по ова прашање. По секој круг на разговори, на претседателот на Републиката му се става на располагање целата проблематика на сите прашања за кои се разговара и чекорите што се преземени во овој процес. Врз основа на Уставот претседателот е тој кој одобрува за таков договор,па поради тоа целосно е разбирливо секое негово барања за дополнителни или подетални информации за специфично прашање, нагласи Бушати.

Посочи дека разговорите со Грција не се поврзуваат со 28 и 29 јуни,кога треба да се донесе одлука за започнување преговири со ЕУ. Тој демантираше дека Владата е под притисок да се постигне договор со Грција,оценувајќи ги тие информации како шпекулации на опозицијата.

Претседателот Мета деновиве на средба со премиерот Еди Рама побара подетални информации околу ова прашање и најави дека доколку биде постигнат договор ќе делува според неговите Уставни надлежности.

Инаку, веднаш по потпишувањето на договорот со Македонија, за прашањето за името,Коѕијас за грчките новинари изјавил дека „прашање на ден е потпишувањето на договорот со Албанија за определување на морската граница“.

Албанската опозицијата и понатаму остро се спротивставува на ваков договор,обвинувајќи ја владата дека на Грција и отстапува 12 милји од своите територијални води на Јонско Море.

Дното на Јонско Море кон кој претендира Грција е богат со нафта и гас. Прво договор за отстапување дел од албанските морски води потпишаа во 2009 тогашните шефови на албанската и грчката дипломатија, Љуљзим Баша и Дора Бакојани,но Уставниот суд на Албанија го прогласи за неуставен.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2018 02:39