Германските власти го уапсија извршниот директор на „Ауди“ Руперт Стадлер.

Тој беше уапсен денес, како дел од истрагата за „Ауди“, за кои се верува дека биле опремени со софтвер што ги исклучува контролите за мерење на штетни гасови при нормално возење.

Минатата недела обвинителите во Минхен извршија увид во домот на Стадлер, под сомневање за измама и неправилности со документите.

„Фолксваген“ изјави дека за случајот Стадлер ќе важи пресумцијата на невиност.

Претходно „Фолксваген“ се изјасни виновен за лажирање штетни емисии кај нивните автомобили во САД.

Извршниот директор Мартин Винтеркорн беше обвинет во САД, но, тој нема да се соочи со ваквите обвиненија, бидејќи Германија не ги екстрадира нејзините државјани во земји надвор од Европската Унија.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2018 02:58