Филмски грабеж се случил претпладнево на близина на местото Кајково кај Лепосавиќ на северот на Косово, јавуваат медиумите. Според извесувањата, возило за транспорт на пари на банките од централна Србија на Косово и Метохија на компанијата „Хендерсон“ било ограбено денес околу 11 часот и тоа вторпат во две години, но полицијата јави дека нашла дел од парите.

Локалните медиуми јавија дека биле украдени околу 18 милиони динари.

Група со најмалку две возила го пресретнала комбито на компанијата „Хендерсон“ и со помош на огнено оружје ги одзела парите. Ограбувачите успеале да се префрлат во другото возило „опел зафира“ со затемнети прозорци и да го настават патот кон селото Качандол и понатаму кон општината Подуево.

Фирмата „Хендерсон“ беше мета на ограбувачи и во мај минатата година, кога напаѓачи, на околу 30 метри од административниот премин Јариње, се обидоа да украдат пари во момент на примопредавање.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2018 02:58