Во Скопје денеска ќе се одржи конференција посветена на семејните бизниси на која ќе бидат пренесени меѓународни искуства како успешно да се пренесе семејниот бизнис на следните генерации.

Организаторот „Clear View“ посочува дека конференцијата ја организира бидејќи статистиката покажува дека 70 проценти од семејните компании пропаѓаат при преносот на сопствеништвото на втората генерација.

На конференцијата најавено е присуство на меѓународни експерти, како и на основачи и сопственици на приватни компании, членови на семејни бизниси....

Ова е четврта конференција што ја организира Clear View, а минатите три конференција биле посетени од над 350 посетители и 29 панелисти.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2018 10:44