САД покренаа обвиненија против софтверски инженер за кој се тврди дека, наводно, на Викиликс му дал тајни информации за програмата за хакирање на ЦИА.

Џошуа Адам Шулти, поранешен вработен во американската агенција за разузнавање, беше уапсен минатата година откако при претрес во неговиот дом беше пронајдена детска порнографија на неговите електронски уреди. Претресот беше спроведен како дел од истрага за протекување информации.

Масовното протекување на илјадници документи се случи минатата година, една година откако Шулти ја напушти агенцијата. Тој бил дел од тимот за хакирање.

Во обвинението се вели само дека тој на надворешна организација, наречена „Организација 1“ и открил информации за собирање разузнавачки информации од ЦИА. Неговиот адвокат, сепак, изјави дека станува збор за издавање алатки за хакирање на Викиликс, и тоа „отровен“ софтвер, вируси и тројанци кои ЦИА ги користи за да шпионира компјутери.

Викиликс во март 2017 година почна да ги објавува истите алатки што ги користат американските шпиони, ставајќи ја ЦИА во многу непријатна положба со тоа што им ги даде овие алатки на професионални хакери и аматери низ целиот свет.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2018 12:28