Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска потврди дека добил покана за продолжување на дијалогот со Приштина и оти во недела ќе се сретне со Хашим Тачи.

- Добив официјална покана и делегација на Србија секако ќе оди. Од петок ќе биде присутна во Брисел на состаноци, а во недела ќе се сретнам со Хашим Тачи, изјави тој.

Вучиќ прецизира дека Србија нема никакви предуслови.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2018 12:50