Полскиот премиер Матеуш Моравецки изјави денеска дека сака владата да ја преземе улогата на „посредник“ во поправање на односите меѓу администрацијата на Доналд Трамп и на Европската унија.

На прес конференција во Берлин по средба со германскиот канцелар Ангела Меркел, Моравецки рече дека Полска и Германија може да ги обединат напорите за „прекин на трговската војна“ со САД кои се главен сојузник на Европа во сферата на безбедноста.

– Полска би сакала да биде координатор, посредник меѓу САД и Европа во најдобра смисла, додаде тој.

Меркел и Моравјеци разговараа за европската и глобалната безбедност како и трансатлантските односи обременети заради протекционистичката политика на Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2018 15:35