Жална е сликата како пратениците на СДСМ се обидуваат да го бранат капитулантското дело на Зоран Заев. Иако е воочлива штетноста на таквиот договор.

Овој договор е производ на изборна измама на Зоран Заев и криминалниот картел кој го води. Заев пред избори ветуваше дека нема да прифати промена на Уставот, сега гледаме дека не само што прифатил промена на Устав, туку и многу повеќе од тоа. Заев ја разградува државата.

Пратениците на СДСМ се ставени да аминуваат криминал и противуставен договор.

Насилното туркање на овој договор во Собранието преку кршење на законите и процедурите е недозволиво и уште еден чин во низата незаконитости кои СДСМ и Заев ги преземаа во изминатиот период. Потценувачки за Република Македонија е со меѓународен договор да се менува Уставот на државата и задира во идентитетот.

Недозволиво е Заев преку својата капитулантска политика да го менува идентитетот и јазикот на Македонците. Овој договор за Република Македонија создава само обврски. Република Македонија е оштетена страна.

ВМРО-ДПМНЕ останува со народот. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на борбата против картелот на власт и оваа капитулантска и неспособна влада.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2018 16:06