Скопје, 19 јуни 2018

Зоран Заев е новиот Барон Михаузен кој мисли дека со лаги и измислици ќе може да ја дефокусира јавноста од капитулантското дело.

Тој иако јавно ветуваше дека нема да дозволи промена на уставот, не само што прифати негова промена, туку и самиот грчки Премиер Ципрас изјавува дека македонска националност не се признава со договорот. Тоа значи дека со договорот се задира и менува идентитетот на македонскиот народ. Зоран Заев не го демантираше ниту грчкиот министер за надворешни работи Коѕијас кој кажа “не дадовме ништо за да добиеме нешто во замена”. ѓОва значи дека со договорот се прифатени сите грчки барања.

Заев денес призна дека ќе се смени и името на сите државни институции, министерства, државни органи, МАНУ, личните карти, пасошите.

Зоран Заев е националната катастрофа за Република Македонија, цунами кое создава економски и политички пустош.

Резултатите на работата на оваа влада се викаа 0 отсто раст, додека сите економии во Европа одат напред. Граѓаните живеат осиромашени со огромни средства кои владата ги зема преку зголемената акциза на горива. Од џебот на граѓаните директно во буџетот на владата која има потпросечно ниски инвестиции поради што нема економски развој. Со Заев Македонија има најголем јавен и државен долг во својата историја и тоа е потврдено.

Заев во изминатата година покажа дека оваа влада не сработи ништо, и веќе е докажано дека нема да биде подобро, ниту за граѓаните ниту за државата.

Затоа Зоран Заев мора да падне, за да Македонија оди напред и Македонија да победи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2018 03:49