Европските предлози за спас на иранската нуклеарна програма од 2015 година, по повлекувањето на САД, не се задоволителни за Техеран, изјави шефот на Иранската организација за атомска енергија Али Акбар Салехи.

- Сите земји ќе загубат ако Иран е изолиран од Западот, предупреди тој.

Салехи го изрази незадоволството на Иран од европските предлози за спас на договорот на состанок со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, јави иранската агенција Ирна.

- Ако продолжи вака, сите земји ќе загубат, рече тој подвлекувајќи ја значајната улога на Иран во регионот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2018 10:22