Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска изјави дека постои опасност од натамошно заострување на мигрантската криза, поради спорот околу политиката за доделување азил во Германија.
Пред средба со претставници на Владата на германската покраина Баварија во австриксиот град Линц, Курц нагласи дека Австрија се подготува за враќање на мигрантите од границата на Германија, мерка за која се залага германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер,
- Мораме да бидеме подготвени на зајакнување на националните контроли на гранците во Европа, започнувајќи од Германија, истакна Курц, додавајќи дека е во интензивни контакати со австриските министри за одбрана и за внатрешни работи.
Австрискиот канцелер потенцира дека не сака да се меша во внатрешната дебапата во Германија во врска со миграцијата, но сепак упати критики за политиката кон мигрантите на германската канцеларка Ангела Меркел.
- Оние кои во 2015 година ги отворија границите (за мигрантите) се виновниците поради кои денес постојат гранични контроли меѓу Австрија и Баварија, Унгарија и Австрија и Италија и Австрија и затоа што ситуацијата може и да се влоши, порача Курц.
Според него, единствена добра работа во целата оваа расправа во Германија е тоа што таа поттикнала „нова динамика на европско ниво, па сега постои поголема шанса нешто да се придвижи во ЕУ“.
Меркел се соочува со незадоволство на најмалиот партнер во германската Влада, баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ) на Зехофер, која и даде рок од 10 дена за постигнување европски договор за ограничување на миграцијата, за кои членките на ЕУ не успеваат да се договрат веќе со години.
Курц нагласи дека Австрија не сака никакви караници меѓу германските коалициски партнери, додавајќи дека Виена нема никаква полза од конфликтите во други земји.
Тој потврди и дека во текот на оваа недела ќе има средба со Меркел и со неколкумина други лидери од ЕУ, посветена на прашањето на миграцијата.
- Сакаме единствен став со Германија и заедничко дејствување. Морам да нагласам дека е поптребна оваа дискусија за решавање на мигрантското прашање. Не може да се премолочува дека и натаму преголем број луѓе се движат кон централна Европа, истакна Курц, додавајќи дека не може да се чека да се повтори „катастрофата“ од 2015 година, кога во централна Европа преку Балканот пристигнаа над еден милион мигранти.