САД минатата година станаа земјата членка на Организацијата за економска соработка и развој со најмногу барања за азил.

Таа ја престигна Германија, која водеше на листата од 2013 година, стои во извештајот на Организацијата.

Барањата за азил во САД се зголемиле за 26 проценти, и достигнале 330.000.

Ова се случува во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп е критикуван за строгите миграциски правила и разделувањето на семејствата на мигранти кои илегално влегуваат во САД.

Германија забележа пад од 73 отсто во барањата за азил во споредба со рекордниот број во 2016 година. Минатата година тие изнесувале вкупно 198.000, следува Италија со 127.000, Турција со 124.000 и Франција со 91.000, стои во извештајот.

Во земјите од ОЕЦД во 2017 година биле поднесени вкупно 1,64 милиони барања за азил.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2018 13:07