Бугарската Социјалистичка партија денеска поднесе предлог до Парламентот за гласање на недоверба на Владата на Бојко Борисов поради лошата безбедносна политика.

Портпаролката на пратеничката група на социјалистите Елена Јончева изјави дека партијата бара да се гласа за недоверба бидејќи според бугарскиот Устав, Владата мора да обезбеди јавен ред и национална безбедност, а тоа не го направила актуелната Влада.

Таа ги наведе примерите со бегството на двајцата затвореници од централниот затвор, конвенционалниот криминал, како и неодамнешниот пад на хеликоптерот на бугарските безбедносни сили, при што загинаа двајцата пилоти.

Социјалистичката партија и претходно поднесуваше барање за изгласување на недоверба на Владата на Борисов, а последниот пат беше на 25 јануари поради неуспешната борба против корупцијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2018 15:27