Компанијата ТЕ-ТО АД Скопје ја поздравува одлуката на надлежниот суд за одобрување на планот за реорганизација со цел финасиска консолидација на компанијата и можност да продолжи редовно да работи.

Според ТЕ-ТО, ваквата одлука на Судот следува откако доверителите со над 85 отсто од побарувањата дадоа согласност за реализација на понудениот план за реорганизација. Меѓу доверителите е и реномирана германска банка чиј глас беше клучен за усвојување на Планот.

- Планот за реорганизација е изготвен според објективни критериуми, согласно сите законски процедури и предвидува рамноправен третман на сите доверители кои припаѓаат на соодветна класа на доверители, како што е предвидено со закон. Уште еднаш напоменуваме дека сите наши активности се одвиваат согласно законите на Република Македонија. Наводите што ги изнесува во јавноста одредена заинтересирана страна во постапката се невистинити и целосно ги отфрламе. Тие наводи се обид за манипулација со пошироката јавност со крајна цел вршење притисок врз независните судски органи, наведува ТЕ-ТО.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2018 15:29