Зоран Заев, Никола Димитров и останатите од СДСМ потпишаа капитулантски и срамен договор за Република Македонија и македонскиот народ.

На почетокот на оваа прес конференција да се потсетиме што Зоран Заев говореше пред да дојде на власт.

Почитувани граѓани,

Зоран Заев на предизборен митинг во 2016 година, пред само 2 години, гарантираше, значи повторувам гарантираше, дека нема да се смени Уставот и дека никој немал право да го менува. Сме имале одличен и европски Устав како што рече тој.

Ова што го видовте и слушнавте е само една вешта манипулација на Зоран Заев до сите граѓани за да дојде на власт и веднаш потоа да тргне во распродавање на Република Македонија. Името, идентитетот, националноста, откажувањето од македонското малцинство насекаде во светот. И сето тоа да стои запишано во Уставот на државата кој сака да го промени.

Зоран Заев ги чини прескапо граѓаните на Република Македонија.

Зоран Заев е човекот кој ги изманипулира граѓаните под превезот на нереалните плати кои што ги вети, нереалните пензии кои што впрочем ги намали, а не ги покачи и проекти кои што воопшто не се ни реализираат за да потоа склучи капитулантски договор за нашата држава.

Почитувани,

Народот e обединет и многу повеќе свесен за она што ни се случува во нашата држава. На Македонија и е потребна народната мудрост каква што одсекогаш ја имал нашиот народ. И сега е потребно да се слушне неговиот глас посилно и погласно од било кога досега.

ВМРО-ДПМНЕ останува со народот и понатака.

Овој криминален картел на власт мора да падне.

Зоран Заев ќе падне, а Македонија ќе победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2018 15:31